МАГАЗИН

ЗАНЗИБАР – НОВ ТРУСТИЧКИ ХИТ

Занзибар е островска полуавтономна област којашто се обедини со Тангањика во 1964 година, со што беше основана Обединетата Република Танзанија. Се работи за острови опкружени со тиркизната вода на Индискиот Океан, 25 – 50 километри оддалечни од брегот на африканското копно. Островите се прилично ниски – највисокиот врв достигнува само 120 метри надморска височина. Вреди да се спомне и тоа што околу половина од населението во областа живее под прагот на сиромаштија.

Главен град на островот е градот Занзибар и тој се наоѓа на островот Унгуја. Историското средиште на земјата – Камениот Град, е на списокот заштитено светско наследство.

Туризмот во Занзибар е стопанска дејност во развој, поттикната од Владата, што бележи раст – од 19.000 туристи во 1985. на 376.000 посетители во 2016 година. На островот се пристига преку пет морски пристаништа и меѓународниот аеродром „Абеид Амани Каруме“ што може да опслужи до 1,5 милиони патници годишно.

Морскиот екосистем на Занзибар е важен дел од економијата, риболовот и во однос на разновидноста на Индискиот Океан, со ендемски и ретки видови

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Нова опција на „Ајфон“ потенцијално опасна за децата

Најновата верзија на оперативниот систем за телефоните и таблетите на „Епл“, како...

МАГАЗИН

„Гугл“ почнува со бришење неактивни мејл-адреси и профили

„Гугл“ во декември ќе почне со бришење милиони профили на услугите „Г-мејл“,...

МАГАЗИН

Намирници што не треба да се подгреваат во микробранова печка

Микробрановата печка е корисен уред за брзо подгревање храна, а може да...

МАГАЗИН

Недостигот на витамин Б12 може да предизвика и когнитивни проблеми

Веројатно една од најважните хранливи материи за човековото тело е витаминот Б12,...