ИНФО

124 возачи казнети низ Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 124 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 11 санкции за возење без возачка дозвола, две мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се две мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, три санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за непрописно престројување на возила, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...

ИНФО

Данела ги врати новогодишните куќарки на плоштад

Вратени се новогодишните куќарки на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Во текот на...