МАГАЗИН

Твитер најави тужба против Мета поради „Тредс“

Твитер ѝ се закани на корпорацијата Мета со правна постапка поради нејзината нова апликација наречена „Тредс“ (Threads), објавија западните медиуми.

Во писмото упатено до извршниот директор на Мета, Марк Цукерберг, адвокатот кој го застапува Твитер, Алекс Спиро ја обвинува Мета за злоупотреба на трговски тајни и интелектуална сопственост, најмувајќи поранешни вработени на Твитер заради развој на апликација со исти намени.

Од неговото објавување во средата навечер, „Тредс“ регистрираше десетици милиони кориснички најавувања. Апликацијата, создадена од тимот на Инстаграм, доаѓа во време кога многу корисници на Твитер бараат алтернатива за да се ослободат од влијанието на Илон Маск врз платформата, што тој ја купи лани за 44 милијарди долари.

Гласноговорникот на Мета, Енди Стоун вчера ги демантира обвинувањата и истакна дека „никој од тимот што го разви ‘Тредс’ не е поранешен вработен во Твитер“.

Во првите 18 часа по нејзиното лансирање, новата апликација има над 30 милиони најавувања. „Тредс“ е достапна во над 100 земји, но засега, не и во Европската Унија, каде што важат строги правила за приватност.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Угина Мали – „најтажната слоница на светот“

Слоницата Мали која активистите за природата ја нарекоа „најтажната на светот“ угина...

МАГАЗИН

Потопен древен град – туристичка атракција во источна Кина

На длабочина од 40 метри, дното на езерото Ќијандао во Кина сведочи...

МАГАЗИН

Нова опција на „Ајфон“ потенцијално опасна за децата

Најновата верзија на оперативниот систем за телефоните и таблетите на „Епл“, како...

МАГАЗИН

„Гугл“ почнува со бришење неактивни мејл-адреси и профили

„Гугл“ во декември ќе почне со бришење милиони профили на услугите „Г-мејл“,...