АКТУЕЛНО

Уште 80 тони опасен отпад од „Охис“ однесен на уништување во Франција

Чистењето на малата депонија во фабриката „Охис“ се одвива според предвидената динамика, а вчера се извезени околу 80 тони за уништивање во Франција. Треба да се отстранат 525 тони отпад и 210 тони на земја контаминирана со HCH.

Во рамките на досегашните активности спроведени за ремедијација на третиот лот, ископани и спаковани се 210 тони на земја контаминирана со HCH чиј извоз е планиран за следните 2 месеци и ископани и спаковани се 231 тон на HCH отпад, од кој околу 80 тони, во текот на вчерашниот ден се извезени на уништување во Франција.

Во претходниот период, како резултат на активностите поврзани со чистење на првите два лота од малата (делта) HCH депонија во ОХИС, се извезени и уништени 957 тони на HCH отпад и 127 тони на земја контаминирана со HCH.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Шахот ги освои учениците од Кисела Вода

Шаховскиот Сојуз на Град Скопје, месецов, ги заврши квалификационите училишни натпревари во...

АКТУЕЛНО

Оперската претстава „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини на 2 март во НОБ

На 2 март со почеток во 20.00 часот во Националната опера и...

АКТУЕЛНО

Саем на мебел во Скопје од 20 до 24 март

Од 20 до 24 март во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Комерцијална банка донираше имот на Општина Центар за изградба на јавна зелена површина

По барање на Општина Центар, Комерцијална банка донираше имот за изградба на...