АКТУЕЛНО

Проверте за што сè ќе дава субвенции Кисела Вода

Општина Кисела Вода објави четири јавни повици за субвенции за набавка на печки за пелети, за пелети како енергенс, за кофинансирање при набавка на термоизолациони материјали за реконструкција на фасади на станбени згради, како и за поправка и санација на постоечки лифтови во станбени згради на подрачјето на општината.

Вкупниот износ за четирите различни субвенции што ги обезбеди локалната самоуправа изнасува 3.600.000,00 денари. Од нив 2 милиона се предвидени за кофинансирање при набавка на материјали за реконструкција на фасади, 600.000,00 денари за поправка на лифтови, додека по 500.000,00 денари се наменети за пелети и за печки на пелети.
Распределбата на средствата за сите повици ќе се врши по принципот на прв дојден, прв услужен.

За субвенцијата за набавка на термоизолациони материјали за реконструкција на фасади на станбени згради за колективно домување на територија на Општина Кисела Вода, можат да аплицираат заeдниците на сопственици или Управители на станбени згради за колективното домување чии станбени згради се изградени пред 2010 година. За ова ќе треба да се достaви доказ, заедно со нотарски заверена изјава дека набавените материјали наведени во испратницата и предмерот на количини во целост ќе бидат наменети и вградени во соодветната станбена зграда за која се однесува барањето во рок од 1 година од датумот на решението за субвенционирање и финансиска поддршка донесено од страна на Градоначалникот на општина Кисела Вода и дека ќе биде потпишан Договор.

Јавниот повик ќе трае 60 дена од датумот на објавување, а локалната самоуправа финансиски учествува со парични средства во висина од 60% од вредноста.

Сите критериуми и услови за учество се достапни на следниот линк објавен на веб страницата на општината.
Во поглед на финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови во станбени згради, Општина Кисела Вода ќе учествува со средства во износ од 30% од вредноста, но не повеќe од 200.000,00 денари.

Право на учество имаат сите влезови поеднинечно кои имаат регистрирано заедница на сопственици на станови или имаат избрано управител на станбените згради и кои во потребната документација ќе достават и Одлука за поправка и санација на постоечкиот лифт/ови потпишана од мнозинството сопственици на посебни делови на станбената зграда, понуда од економски оператор со детален опис по позиции, како и одлука или изјава со која се потврдува дека ќе се обезбедат 70% од потребните средства за поправка и санација на лифт/ови на нивната станбена зграда. Јавниот повик ќе трае до исцрпување на предвидените средства за оваа намена, а најдоцна до 31.10.2023 година, а сите критериуми и услови се достапни на овој линк.

И оваа година, општината ќе субвенционира набавка на печки за пелети, во износ од 50% од вредноста, но не повеќe од 20.000,00 денари со вклучен персонален данок на доход. За аплицирање ќе биде потребна изјава заверена на нотар дека се работи за индивидуален станбен објект кој не е поврзан на градско парно и за кои нема искористени субвенции за набавка на печка на пелети или инвертор од било кој извор во државата, како и доказ дека е извршено купувањето на печка на пелети, од 01.01.2023 година до завршување на јавниот оглас согласно Правилникот, со приложување на фискална сметка или фактура и извод од деловна банка за извршена уплата во оргинална форма.

За набавка на пелети како енергенс општината ќе субвенционира, 50% од вредноста, но не повеќe од 10.000,00 денари со вклучен персонален данок на доход. За добивање на ваква субвенција е потребна изјава заверена на нотар дека се работи за индивидуален станбен објект кој не е поврзан на градско парно и за кој нема искористени субвенции за набавка на пелети од Општина Кисела Вода по основ на овој повик и поседува печка на пелети за истиот објект, како и доказ дека е извршено купувањето на пелетите, од 01.01.2023 година до завршување на јавниот повик, со приложување на фискална сметка или фактура и извод од деловна банка за извршена уплата во оргинална форма.

Барањето со потребната документација се доставува во Архивата на Општина Кисела Вода.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Истражување: Прегратката го прави детето поинтелигентно

Секојдневната прегратка, што родителите можат да му ја пружат на детето –...

АКТУЕЛНО

Град Скопје го одбележа 1 Март – Денот на нулта дискриминација

Градоначалничката на Град Скопје, денеска во средното училиште на Град Скопје „Јосип...

АКТУЕЛНО

На 30 хонорарци им се прекинати договорите во МКЦ

Со одлука на директорот на МКЦ, Арбен-Бени Шаќири, на 30 хонорарци од...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Еколошката свест кај децата носи зелена и одржлива иднина

Во рамки на кампањата „Редуцирај. Селектирај. Рециклирај”, и Меморандумот за соработка кој...