АКТУЕЛНО

ЈАКИМОВСКИ: Мицковски сакаше во Општина Карпош да се случи напад како оној на 27 април во Собранието

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера организирал напад на Општина Карпош како оној што се случи во Собранието на 27 април.

Јакимовски денеска одржи прес-конференција на која кажа дека ВМРО-ДПМНЕ намерно шири лаги за деталниот план кај студенскиот дом Гоце Делчев.

„Јас вчера ги повлеков сите точки и ја прекинав седницата на Советот затоа што пак ќе се случеа шамарите во Ценатр или нешто слично на нападот на Собранието на 27 април. Притоа една колешка беше нападната и за да се избегнат вакви ситуации јас ја прекинав седницата. Не е точно ниту дека ќе се градат згради, ниту дека со градење улица ќе уништам парк. Таа улица е уште од времето на Коце Трајаноивски и Миле Јанакиески членови на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Јакимовски.

Вчера пред почетокот на седницата на Советот, 30-тина граѓани се собраа пред Факултетот за туризам каде се одржуваат седниците на Советот, а дел од нив влегоа и на седницата. Тие довикуваа, пцуеа и замалку не дојде до поголем инцидент со службите од општината.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Парк на Франкофонија добива паметно осветлување

Од Паркот на Франкофонијата започна инсталирањето на Тип 3 светилките кои се...

АКТУЕЛНО

Од денес секој четврток „И јас сум на Водно“

Почнувајќи од овој четврток, од 19 до 23 часот, планинарско-спортскиот клуб „Н2О“...

АКТУЕЛНО

Испратете разгледница со мирис: Франција со поштенски марки кои мирисаат на багети

Франција во полн ек се подготвува за претстојните Олимписки игри, погрижувајќи се...

АКТУЕЛНО

„Девијантно Девојачко“ на Клелија во Бруталиск

Во склоп на Skopje Pride Weekend, Клелија, трансдисциплинарна дизајнерка од Скопје која...