МАГАЗИН

Цукерберг го лансираше „Тредс“, конкурентска мрежа на Твитер

Основачот на „Мета“, Марк Цукерберг вчера ја лансираше долгоочекуваната апликација „Тредс“ (Threads) како главен конкурент на Твитер на Илон Маск, распламтувајќи го соперништвото меѓу двајцата технолошки мултимилијардери.

„Ајде да го направиме ова. Добредојдовте во ‘Тредс’,“ напиша Цукерберг во својата прва објава на апликацијата, дополнувајќи ја со емотикони со оган.

Тој рече дека апликацијата забележала пет милиони пријави во првите четири часа од своето постоење. Слично на Твитер, апликацијата дозволува кратки пишани објави со копчиња за допаѓање, преобјавување и одговори. Објавите може да бидат долги до 500 знаци и да вклучуваат линкови, фотографии и видеа до пет минути.

„Тредс“ засега е достапен во околу 100 земји на „Епл ап стор“ и „Гугл плеј стор“, се вели во објавата на блогот на „Мета“.

Познавачите велат дека главната предност на „Тредс“ може да биде поврзаноста со „Инстаграм“ и неговите корисници, како и рекламниот простор.

Тајмингот е поволен за Цукерберг, бидејќи месециве на хаотичното однесување и одлуки на Маск „го размрдаа“ Твитер.

Но, од друга страна, историјата е донекаде против Мета. Компанијата на Цукерберг претрпе неуспеси во лансирањето свои апликации, како што е „Ласо“ (Lasso), што се натпреваруваше со соперникот за куси видео – „Тикток“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Намирници што треба да се избегнуваат во борбата со висок притисок

Во борбата со висок крвен притисок, т.е. хипертензија, еден од најважните чекори...

МАГАЗИН

„Зборливите“ деца се склони повеќе да го слушаат говорот на возрасните

Во развојот на детето, првите четири години од животот се клучни за...

МАГАЗИН

Излегуваат банкнотите со ликот на британскиот крал Чарлс

Банкнотите со ликот на британскиот крал Чарлс Трети ќе бидат пуштени во...

МАГАЗИН

Движењето „child-free“ и неговите заложби

Марсела Муњоз, малостопанственичка од Канзас (САД), која на својот интернет-простор се потпишува...