АКТУЕЛНО

Поплавени 30 куќи во Сарај, пукнала цевка на “Водовод”

Во с.Буковиќ, Општина Сарај има пукнато цевка од којашто истекува големо количество вода при што засега поплавени се околу 20-30 куќи додека улиците се целосно под вода.

„Од страна на општината се ангажирани пумпи за испумпување на вода, но потребно е ангажирање на дополнителни пумпи за испумпување на вода и багер за да може да ја пренасочи водата во друг правец како не би дошло до поплавување на други куќи, а и за откривање на дефектот од каде што истекува водата за да може да се интервенира на истиот“, велат од ЦУК.

За настанатата состојба известени се БППЗ на Град Скопје, ЈП Водовод и канализација, Дирекција за заштита и спасување и МВР. Од ЈП Водовод и канализација известиле до ЦУК дека се излезени на терен за да се утврди за каква цевка се работи и интервенираат во санирање на штетите. БППЗ на Град Скопје со 1 ПП возило и пумпи за испумпување на вода се отидени во с.Буковиќ се со цел да се санираат штетите. Според последните информации водата од цевката е престаната да тече и се работи на испумпување на водата од улиците и куќите.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Со индекс на загаденост 161, воздухот во Скопје е оценет како „нездрав“

Во главниот град  се измерени 161 микрограми на кубен метар ПМ 2,5...

АКТУЕЛНО

Повторно евтина дневна тарифа на струјата за домаќинствата

Домаќинствата почнувајќи од денеска во периодот од 13 до 15 часот повторно...

АКТУЕЛНО

По 60 години се испитуваат магистралните цевководи за Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска, како што стои во соопштението, ја промовирала изработката на...

АКТУЕЛНО

Традиционално осветлување на Новогодишната елка во Скопје Сити Мол

Влезете во светот на чудата во Скопје Сити Мол овој декември. Во 18:30...