МАГАЗИН

За 24 часа собрани над 500.000 денари за Вардар

Навивачката група „Комити“ информира дека за 24 часа успеале да соберат 500.000 денари од акцијата „Купи сезонски билет за 1.000 денари“, која се организира со цел да соберат пари за нормално функционирање на Вардар.

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб има сериозни финансиски проблеми поради претходните газди на тимот, а навивачите се обидуваат да го спасат клубот.

„Денот го започнуваме со одлична вест. За нешто повеќе од 24 часа, собрани се повеќе од 500.000 денари, од акцијата за продажба на членски карти. Радува фактот што, сè поголем број на навивачи, ја препознаваат важноста на акцијата и моментот. Купи членска карта, и не дозволувај твоето место на стадионот, да остане празно“, соопштија од клубот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Нова опција на „Ајфон“ потенцијално опасна за децата

Најновата верзија на оперативниот систем за телефоните и таблетите на „Епл“, како...

МАГАЗИН

„Гугл“ почнува со бришење неактивни мејл-адреси и профили

„Гугл“ во декември ќе почне со бришење милиони профили на услугите „Г-мејл“,...

МАГАЗИН

Намирници што не треба да се подгреваат во микробранова печка

Микробрановата печка е корисен уред за брзо подгревање храна, а може да...

МАГАЗИН

Недостигот на витамин Б12 може да предизвика и когнитивни проблеми

Веројатно една од најважните хранливи материи за човековото тело е витаминот Б12,...