МАГАЗИН

Завршува серијата „Сексуално образование“ – четврттата сезона е и последна

Четвртата сезона премиерно ќе се прикажува од 21 септември годинава, откри вчера Нетфликс.

Познатата тинејџерска хумористична серија „Сексуално образование“ (Sex education) се ближи кон својот крај. Имено, четвртата сезона ќе биде и последна, а премиерно ќе се прикажува од 21 септември годинава, откри вчера Нетфликс.

Во кусата видеонајава за претстојните епизоди, го гледаме главниот лик Отис Милбурн, незваничен секс-терапевт кого го глуми Аса Батерфилд, како држи говор пред група ученици и несмасно открива дека сè што научил за сексот е од неговата мајка… За последнава сезона се враќаат и Џилијан Андерсон (мајката), Нкути Гатва, Ејми-Лу Вуд и Ема Меки.

Некои обожаватели се тажни поради крајот, но други, пак, велат оти „треба да се знае кога да се прекине со она што е добро“, како што напиша еден корисник на Твитер.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Совети за родители и поуспешни деца

Начинот како се разговара со децата и како родителот се однесува во...

МАГАЗИН

Марго Роби подготвува филм за играта „Монопол“

о светскиот успех на филмот „Барби“, Марго Роби повторно му се навраќа...

МАГАЗИН

И покрај благодетите на јаболката, постои момент кога не смеете да ги консумирате

Она што повеќето луѓе не го знаат е дека постои одредено време...

МАГАЗИН

Минатиот месец забележан како „најтоплиот март“ во светот

Минатиот месец беше „најтоплиот март“ забележан на глобално ниво, според мерењата направени...