АКТУЕЛНО

Деканот на Градежен факултет Марковски се сомнева во анализата за мостот „Беласица“

Не смееме да се потпираме на претпоставки, потреба е детална анализа на мостот „Беласица“, а мислам дека тоа не е направено, вели професорот и декан на Градежен факултет Горан Марковски. Тој денеска го презентираше неговото стучно мислење за мостот „Беласица“, како треба да се врши испитувањето и како се утврдуваат штетите кои настанале. Вели тоа го прави затоа што станува збор за сериозна раота, а изминатиов период во јавноста се појавувале секакви информации.

„Јас не викам дека мостот е сериозно оштетен, туку дека треба сериозни испитувања. Од она што до сега го слушаме и гледаме мислат дека тоа не е направено“, вели Марковски, кој како експерт за мостови работел на проектот на НАТО за санација на мостовите низ земјава кој се правеше пред 20 години.

Мостот е направен од напрегнат бетон што е многу почуствителна конструкција од армираниот бетон. Пожарот го зафатил првото поле на мостот од кај „Ист Гејт“ и дел од средниот дел во должина од 54 метри. Затоа, според професорот, мора да се направи анализа на дистрибуцијата на топлина низ бетонската плоча.

Исто така смета дека не може да се врши испитување на каблите за преднапрегање со снимки од дрон, како што правеше тимот на Михаил Гаревски ангажиран од Град Скопје.

„Не може да се прави испитување, а да не се допре до средното поле на мостот. Постојат скелиња, но и машини кои овозможуваат пристап до средното поле, да се влезе до сандаците на мостот и да се земат соодветни примероци. Зошто не е влезено не ми е познато, несериозно е да се носат заклучоци врз база на снимки“, додава Марковски.

Испитувањата на мостот „Беласица“ ги правеше приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени на професорот Михаил Гаревски. Тој тврди дека мостот нема сериозни оштетување и потребна е само санација на бетонот. Од снимките со дрон заклучиле дека каблите за преднапрегање не се оштетени.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...