МОЕ ЗДРАВЈЕ

МОЖЕ ДА БИДЕ СИМПТОМ И ЗА ДРУГИ СОСТОЈБИ: Болката во градите не секогаш значи срцев удар

Иако многумина ќе помислат дека силната болка во градите е симптом на срцев удар, таа понекогаш може да укажува и на други сериозни состојби.

За среќа, не мора секогаш да е толку опасна состојба, понекогаш болката во градите не мора да биде симптом на срцев удар. Д-р Кертис Римерман, кардиолог, објаснува што може да биде во прашање, но нагласува дека секогаш кога не сте сигурни зошто се појавува одреден симптом, веднаш посетете лекар.

Како да знаете дека болката во градите е опасна?

Понекогаш треба да бидете брзи и веднаш да се јавите на лекар, особено ако болката трае околу 5 минути. Симптомите може да вклучуваат болка во градите и отежнато дишење, како и болка која зрачи на рацете, грбот, вилицата, вратот и горниот дел на стомакот.

Симптоми кои може да откријат други состојби

Како што споменува д-р Римерман, понекогаш болката во градите не е сигнал дека треба веднаш да ја посетите лекар, еве што може да биде вклучено:

Непосредна непријатност во градите

Седите на масата во кујната и наеднаш се јавува силна болка, се чувствува како некој да ве прободува во градите. Но, тоа чувство трае само неколку моменти.

Добрата вест е дека оваа краткотрајна силна болка не мора да биде симптом на срцев удар, што често значи болка која трае неколку минути. Овој вид на болка може да биде симптом на:

  • повреди или скршено ребро
  • истегнат мускул во градите
  • воспаление на ‘рскавицата на ребрата
  • фибромијалгија

Болка при дишење

Секој пат кога ќе земете здив, има болка која ги „пробива“ градите, а ако се свртите се чини дека само станува посилна. Ако ова се ваши симптоми, може да се работи за проблем со белите дробови. Ова е уште поверојатно ако болката се јавува на десната страна на градниот кош.

Можни причини се:

  • пневмонија или друга инфекција
  • воспаление на слузницата, плевра
  • згрутчување на крвта во белите дробови
  • напад на астма

Иако проблемите со белите дробови не се срцев удар, сепак треба да посетите лекар што е можно поскоро.

Непријатност што се намалува кога сте активни

Ако почувствувате силна болка во градите која се влошува кога се движите, тоа може да биде гастритис или некоја друга гастроентеролошка состојба. Само во Америка, околу 15 милиони луѓе секојдневно чувствуваат печење во желудникот (жиговина), што доведува до непријатно чувство во градите заедно со појава на киселина во устата. Можете да побарате помош за лекови без рецепт.

Кои други причини може да стојат зад болката во градите?

Болката во градите може да се поврзе со некои други „напади“ ,а да не се работи за срцев удар. Тоа може да биде паничен напад или анксиозност, која ќе се открие преку потење, губење здив, што може да укажува на срцев удар.

Постојат главни разлики помеѓу срцев удар и паничен напад, а тие можат да бидат:

  • Срцевите напади често се случуваат после физичка активност, која не е поврзана со паничен напад.
  • Паничниот напад често носи остра болка во градите, а не чувство дека на градите „ви седи слон“, што често е симптом на срцев удар.
  • Паничниот напад често носи болка која се шири на друго место во телото.

Симптомите на срцев удар варираат од личност до личност

Д-р Римерман истакнува дека симптомите на срцев удар може значително да се разликуваат, а некои дури и нема да се појават. Едниот ќе почувствува силна болка во градите, другиот можеби само во раката, а третиот во вилицата или грлото… Сепак, овие симптоми нема да исчезнат веднаш, туку ќе траат најмалку пет минути.

„Без разлика каде се јавува болката, нема да можете да најдете поза која ќе ја намали сериозноста на симптомите, ниту пак чаша вода или длабоко дишење ќе ви помогнат“, заклучува кариологот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Намалете го ризикот од болести преку диета

Сите знаеме дека храната влијае на нашето здравје и квалитетот на животот,...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

ИЈЗ: За седум дена пријавени 17 нови случаи на голема кашлица

Во последните седум дена, од 9 до 15 февруари се пријавени 17...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Ново истражување: Откриена причината за утринска мигрена

Гласната музика, светлите екрани, силните парфеми и силните светла можат да предизвикаат...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Холанѓанец собори Гинисов рекорд како пациент кој речиси 40 години живее со донирано срце

Берт Јенсен (57) од Холандија речиси 40 години живее со донирано срце...