МАГАЗИН

Сезонскиот билет за натпреварите на Вардар чини 1.000 денари

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар долго време се соочува со финансиски проблеми. Навивачката група „Комити“ го презема скопскиот тим и понуди сезонски билети од 1.000 денари за домашните натпревари, а парите ќе се искористат за функционирање на клубот.

Сезонскиот билет чини 1.000 денари, а може да се купи преку продажната мрежа на „МК-тикетс“ и во низа официјални продажни места.

Акцијата, како и претходната, ќе биде спроведена целосно транспарентно. Преку редовни соопштенија и прес-конференции, на јавноста секојдневно ќе и го презентираме текот на акцијата. Искреноста и чесноста се наш принцип, а преку оваа акција, уште еднаш тоа ќе го покажеме на дело. Првата официјална прес конференција, ќе се одржи утре, во 12:30 часот, во просториите на „Кино Кисела Вода“. На истата ќе присуствуваат и фудбалерите, како и членови на стручниот штаб. Ги покануваме сите медиуми, навивачи и заинтересирани лица, да присуствуваат, и од прва рака да се запознаат со начелата на акцијата.

„Во овој момент, клубот е целосно во наши раце, а со тоа и неговата судбина. Успехот на оваа акција, значи сигурна иднина за ФК Вардар и почеток на една здрава, успешна спортска приказна, која заедно со сите Вас, сакаме да ја изградиме. Ти кој што ова го читаш, запомни дека ти си Вардар, нема никој друг. Затоа, приклучи се, купи членска карта и дај го својот допринос во заедничката борба. За подобри денови, за многу нови победи и титули, за нашиот Вардар. За крај, јасно сакаме да потенцираме дека, единствената цел на акцијата, ќе биде – прилив на финансиски средства, за нормално функционирање на ФК Вардар“, се вели во соопштението на „Комити“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Со над 15.000 монети маж на Кипар отишол да плати судска казна од 500 евра

Со куфер полн со 15.500 монети од по еден, два, пет и...

МАГАЗИН

Угина Мали – „најтажната слоница на светот“

Слоницата Мали која активистите за природата ја нарекоа „најтажната на светот“ угина...

МАГАЗИН

Потопен древен град – туристичка атракција во источна Кина

На длабочина од 40 метри, дното на езерото Ќијандао во Кина сведочи...

МАГАЗИН

Нова опција на „Ајфон“ потенцијално опасна за децата

Најновата верзија на оперативниот систем за телефоните и таблетите на „Епл“, како...