АКТУЕЛНО

ШТО ПРЕДВИДУВА НОВИОТ ДУП КРЊЕВО 2

Повеќе зеленило, подобрени сообраќајни решенија, нова детска градинка и зголемени растојанија на објектите се главните придобивки од носењето на Деталниот урбанистички план Градска четврт ЦС 07 – Крњево 2 на вчерашната 26. седница на Советот на Општина Центар.

Во новиот ДУП Градска четврт ЦС 07 – Крњево 2 предвидено е намалување на станбената развиена површина од стариот план, која предвидува домување за 4460 жители, намалена е на површина која е соодветна за 2881, со што на државното неизградено земјиште се добива простор за повеќе јавни намени за граѓаните.

„И покрај големиот број на жители, во Крњево досега немало детска градинка. Со носењето на овој план се предвидува нова детска градинка, на 2 нивоа и вкупна површина од 632 м2, со која ќе се решат проблемите на граѓаните кои досега своите деца ги носеа во други општински градинки или во градинките од соседните општини“, информираат од Центар.

Заложбата за изведување на зеленило секаде каде што условите дозволуваат е евидентна и во овој план, со тоа што наместо 1 мал локален парк од 483 м2, во новиот план се вцртани 4 мали локални паркови, на вкупна површина од 1624 м2.

„Повеќе зеленило, подобрени сообраќајни решенија, нова детска градинка и зголемени растојанија на објектите се главните придобивки од Деталниот урбанистички план Крњево 2 кој го донесовме на денешната седница на Советот. Како и досега, ги слушнавме барањата на граѓаните, овој план ги помина сите чекори и со носењето на ДУП-от Крњево 2 решаваме голем број на граѓаните во овој дел од Центар, проблеми кои овде се таложеле години наназад“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Во предвид се земени и вцртаните објекти, особено оние со предимензионирани и нехумани површини за градење. Со новиот план, вкупната развиена површина на објектите за домување во плановите од 144.931 м2 е намалена за 35%, односно на вкупно 93.640 м2.

Подобрени и зголемени се и растојанијата помеѓу објектите. Во новиот план за Крњево сите објекти се со растојание од 16, 20 и повеќе метри, со што се остава подобро проветрен простор, кој има повеќе светлина и е побезбеден за секојдневното функционирање на граѓаните, а со новото планско решение ќе се изведе и нова пешачка улица, веднаш покрај булеварот „Крушевска Република“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...