АКТУЕЛНО

Поплавени подруми од синоќешното невреме во Скопје

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека по силниот пороен дожд што го зафати градот Скопје во ноќните часови во с.Ласкарци и с.Буковиќ, во Општина Сарај поројната вода навлегла во поголем број куќи, подрумски простори и на повеќе улици. На терен беше БППЗ на Град Скопје со 3 пожарникари и 1 ПП возило, при што интервенирале на најзагрозените реони. Во утринските часови контактирано е со ЈП Водовод и Канализација – Скопје, и од нив е добиена информација дека во текот на денешниот ден ќе излезат на терен за расчистување на улиците од кал и за испумпување на водата од куќите. За настанатата состојба беше известена Општина Сарај за понатамошна постапка.

Инаку, УХМР предвидува и денеска, иако времето од утрово е сончево со мала до умерена облачност, дека од пладневните часови на повеќе места во државата времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Новогодишна еуфорија во април, Арсовска уште од сега не спрема за идниот дочек на Нова година

Новогодишна еуфорија во април месец сеуште може да се забележи во главниот...

АКТУЕЛНО

Вечерва мултимедиајлен настан „Танец во фокусот“ во Кинотека

Вечерва во Кинотека на Македонија во 19 часот, ќе се одржи мултимедиајлен...

АКТУЕЛНО

Започна реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во Центар

Општинските служби го започнаа реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во...

АКТУЕЛНО

„Лајка“ ќе организира макенбал за кучиња во Градски парк

ЈП „Лајка“ во недела во Градски парк во Скопје ќе организира маскенбал...