ИНФО

Полицијата казни 189 возачи на скопските улици

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 189 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречена е 21 санкција за користење на мобилен телефон при управување возило, осум мерки за поминување на црвено светло, четири мерки за некористење на сигурносен појас.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Гази Баба почна со изградба на трибина во дворот на ООУ Наум Охридски

– Општина Гази Баба почна со изградба на трибина во дворот на...

ИНФО

Утре протестен марш на Здружение на Украинците во Македонија

Здружение на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ на 24 февруари (сабота), со...

ИНФО

Викендов зголемена облачност, засилен ветер и слаб дожд

За време на викендов ќе има зголемена облачност со локален слаб дожд...

ИНФО

Скопско кафуле сите пари од еспресото ќе ги донира за Леонид

Кафуле во Скопје денес нема да го наплаќа кафето, односно сите пари...