РИТАМ НА ГРАДОТ

МАРИЈАНА И РОСАНА ЈА ДИГНАА ТРИБЕКА НА НОЗЕ: Сестрите близначки заедно на сцена по 20 години

И по 35 години, кога во далечната 1988 година за прв пат ја испеаа „Признавам“, оваа песна на познатото дуо, сестрите Маријана и Росана не може а не да не ви предизвика да се наежите. Така и вчеравечер во скопскиот локал Трибека, сите во еден глас го пееа овој безвременски македонски хит, присетувајќи се на времињата во кои музиката навистина значеше живот.

Вчерашниот настап на сестрите Маријана и Росана е доказ дека квалитетната и добра музика ги спојува сите генерации, па во Трибека имаше и млади луѓе, но и возрасни жени со бастуни, на кои ништо не им пречеше да станат да играат и да уживаат во прекрасните евергрини на кумановското дуо.

Се пееа „Едно срце имам душо“, „Признавам“, но најголема еуфорија предизвика песната на Росана со покојниот маестро Ферус Мустафов, „Свири ми брате цигане“, која буквално на нозе ги исправи сите присутни гости.

Иако одамна не настапуваат заедно, и веќе 20 години немаат снимено заедничка песна, Маријана и Росана на сцената во Трибека блескаа. Хармонични во пеењето, движењата, енергијата кон публиката, сестрите близначки беа мелем за душа на сите присутни гости. Како вчера да настапиле заедно на Валандово или Фолк Фест. Маријана долги години живее во Австралија, Росана води мирен семеен живот во Скопје.

По нивниот настап, луѓето гу гушкаа, им честитаа, се сликаа со нив. Двете помалку збунети од таквиот наплив на емоции на гостите, застануваа и му посветуваа време на секој еден присутен. Во стилот на големите ѕвезди. А тие две тоа и навистина се. И после толку години.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

РИТАМ НА ГРАДОТ

Изложба на студентите од Факултетот за ликовни уметности Скопје

Вечерва од 19.00 часот во „Сули ан“ Скопје ќе се отвори изложба со...

РИТАМ НА ГРАДОТ

„Candlelight“ – концерт под свеќи на Профундус и виолинист Марио Хосен во Филхармонијата

Илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената на Филхармонијата на која вечер во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Улични живи статуи и музика во понеделник во центарот на Скопје

Идниот понеделник, 15 април со почеток од 18:30ч. на улица Македонија во центарот...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Илјадници свеќи на сцената на Филхармонија овој петок за премиерното издание на „Candlelight“ – концертот под свеќи

Овој петок илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената на Македонската филхармонија на...