ИНФО

Ќе се прави летно кино во Драчево

Mестото викано Дупки во населбата Драчево ќе стане парк. Ова место долго време беше локација која сите ја избегнуваа бидејќи претставуваше една огромна дива депонија. Откако е исчистена, Општина Кисела Вода почнува со проект за нејзино зазеленување и подигнување на нов парк.

„Тука во Дупки започнуваме со изградба на првото кино на отворено во општина Кисела Вода. Посетителите кои тука ќе доаѓаат, ќе имаат и каде да ги остават своите возила, бидејќи во овој комплекс ќе изградиме и паркинг за 40 автомобили. Стратегијата за чиста и зелена Кисела Вода преку трансформација на локалните диви депонии во зелени паркови со бројни содржини, некои од нив и ексклузивни, како оваа денес, со киното на отворено, веќе ги дава и првите резултати“, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладне сончево, попладне нестабилно и дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд....

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...