КУЛТУРА

Филхармонија гостува во Подгорица и Дубровник

Оркестарот на Македонската филхармонија вечер гостува во Подгорица, а во четврток, на 6 јули, во Дубровник.

Во Подгорица концертот ќе се одржи во Музички центар на Црна Гора, а во Дубровник, оркестарот на Филхармонија ќе настапи во „Књежев двор“.

На програмата се Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од Камиј Сен-Санс, „Пајдушко“ од македонскиот композитор Филип Иванов и Симфонија бр. 4 од Лудвиг ван Бетовен, а на концертот во Дубровник ќе биде изведено и делото „Идила“ од хрватскиот композитор Благој Берса. Диригент е Борјан Цанев, а како солистка ќе настапи македонската пијанистка Марија Ѓошевска.

„По успешното гостување во Белград и Ниш, сега следува турнеја во Црна Гора и во Хрватска, каде знам дека повторно ќе се претставиме во одлично светло и ние како институција, и секако нашата држава. Гостувањето во Хрватска го реализираме на покана на Симфонискиот оркестар во Дубровник, додека во Подгорица, настапуваме благодарение на несебичната поддршка на Министерството за култура на Црна Гора и црногорската амбасадорка Марија Петровиќ. Од огромно значење е и ова меѓународно претставување како круна на концертната сезона која беше исполнета со голем број на успешни настани, вели директорката на Филхармонија Тина Иванова.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Новата хибридна инклузивна сликовница на кирилско писмо и на Брајова азбука во...

КУЛТУРА

Разни поетски настани, домашни и странски учесници на годинешниот „Скопски поетски фестивал“

Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒...

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....