МАГАЗИН

Ријана е првата пејачка со 10 песни со милијарда прегледи на „Спотифај“

Иако минаа седум и пол години откако Ријана го издаде последниот албум „Anti“, таа повторно соборува рекорди. Имено, таа стана првата пејачка со 10 песни што достигнале милијарда прегледи на стрим-платформата „Спотифај“, а со тоа достигнување се пофали на својот интернет-простор.

Ријана ја прослави веста со потписот „Bad Gal billi“ што е сленг-израз за „лошата девојка милијарда“ бидејќи на својот профил се потпишува како „Лошата девојка Рири“. Таа е добитничка на бројни признанија, а ова не е прв рекорд што таа го поставува. Таа има освоено 13 „Американски музички награди“, девет „Греми“ одличја и 12 „Билборд награди“.

„Нема нов албум“, додаде под објавата изведувачката, која според овогодишната листа на „Форбс“, е најбогата пејачка и најбогата жена под 40 години во САД.

Ријана во 2012 година стана дигитално најпродаваниот изведувач во САД со продадени 47,57 милиони песни во дигитален облик. Во таа смисла, Ријана го симна и Еминем од престолот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИНПРИКАЗНИ

Зоолошката градина во Загреб – волшебен микросвет кој плени со својата хармонија

Зоолошката градина на градот Загреб е една од трите зоолошки градини во...

МАГАЗИН

Жителка на Уганда родила близнаци на 70 години

Државјанка на Уганда, која има 70 години, родила близнаци, по вештачко оплодување....

МАГАЗИН

Пет совети кои ќе и помогнат на вашата кожа да изгледа понежно оваа зима

Зимското време има тенденција да ја остави нашата кожа сува и ронлива....

МАГАЗИН

Дали треба да ги прифатиме сите интернет колачиња? Еве на што треба да обрнете внимание

Автоматски да се прифатат сите интернет колачиња? Ако ја цените вашата приватност...