Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се осум санкции за користење на мобилен телефон при управување возило, две мерки за возење под дејство на алкохол, осум мерки за некористење на сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Leave a comment