АКТУЕЛНО

Во Карпош се планира голема бетонизација на зеленило – граѓаните револирани

Спроти студентскиот дом Гоце Делчев се спрема гласање за голема бетонизација на единствениот парк со фонтана, урбана опрема и игралишта за деца кој пружа разонода и релаксација за над 100 згради и куќи во радиус од 5 км.

Во среда, 5 јули, на седница на Советот на Општина Карпош, под четврта точка од дневниот ред е гласањето за Деталниот урбанистички план Ј03 блок 02, за кој жителите на општината уште одамна искажале незадоволство.

Сепак, градоначалникот Стевче Јакимовски во среда ќе се обиде детското игралиште, фонтаната и огромното зеленило покрај булеварот „Теодосиј Гологанов“ да ги претвори во згради.

Според тамошните жители, ова е „криминална промена на урбанистички план во Општина Карпош од страна на сегашниот градоначалник Стевче Јакимовски“. Паркот го користат најмногу најмладата и најстарата популација и е од голем бенефит за целата населба.

Тие своето незадоволство го пренесоа во писмо на социјалните медиуми, писмото го пренесуваме во целост:

„Овој план содржи сервисна улица пред зградите од булеварот ‘Митрополит Теодосиј Гологанов’, од број 149 до фабриката ‘Реплек’. Тоа е зелениот појас кој почнува од спротива на старата болница ‘Систина’ до ‘Реплек’, преку улица на студенскиот дом ‘Гоце Делчев’. Тука има игралиште за деца и фонтана и шеталиште за жители од 17 згради.

А зад зградите на булеварот ‘Митрополит Теодосиј Гологанов’, т.е. на улицата ‘Јуриј Гагарин’ каде што има паркинг за зградите и куќите, во план е да се прави сервисна улица до ‘Реплек’.

Ова се прави со цел да се добие сообраќаен пристап за градежна парцела на која се наоѓа маркица за градење на 4 згради. Една зграда е со 11 ката и поткровје, една со 7 ката и поткровје и две згради со 6 ката и поткровје.

Се уништува зеленило со километри и се заменуваат паркинг места за 17 згради и 50 куќи со сервисна улица.

Прашања до градоначалникот Стевче Јакимовски и до советниците кои ќе гласаат за овој предлог – Дали за ова ве избравме? Дали го заслужуваме ова? Дали вреди за 3 згради и профит за два-тројца да се уништува животот на 3.000 жители од ‘вашата’ oпштина?

Ние ќе се поднесеме потписи од огромна група на незадоволни граѓани за бришење на оваа точка од дневен ред, а воедно најавуваме и присуство на истите тие незадоволни граѓани на седницата на Општина Карпош в среда вo 10 часот во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје“.

Од група на многу незадоволни граѓани на Општина Карпош.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Урбани велосипедисти денес ќе вртат кругови околу „Ист Гејт Мол“

За прв пат во Скопје, Амбасадата на Холандија и „Гоу Грин“, организираат...

АКТУЕЛНО

Најискрената публика уживаше во младинската театарска претстава „Како ќе го делиме мачорот“

Учениците од Општина Центар го посетија „Тетарот за деца и младинци“-Скопје, со...

АКТУЕЛНО

„Скриени дела и спомени – откривање“ – арт инсталацијата на студентите од ФЛУ Скопје

„Скриени дела и спомени – откривање“ е насловот на арт инсталацијата на...

АКТУЕЛНО

Општина Центар со 17 Еразмус Плус проекти во изминативе пет години

Градоначалникот Горан Герасимовски заедно со Бојан Маричиќ, заменик претседателот на Владата задолжен...