АКТУЕЛНО

Автобусот 29 од Трнодол и Жданец укинат, од ЈСП не кажуваат зошто возеше само неколку месеци

Само неколку месеци возеше новата автобуска линија со број 29 до населбите Трнодол и Жданец. Линијата е укината, а жителите на овие две населби повторно немаат автобус па мораат пешки да одат до своите домови.

„Возеше само кратко време пред изборите и потоа го снема без никој да објасни зошто. Сега сме оставени само со линијата 57, но немаме никаква поврзаност со Карпош. Или треба да одиме пешки или да плаќаме такси“, вели жител на Жданец.

Од ЈСП „Скопје“ не кажуваат зошто е укината линијата со број 29. Од одделението за односи со јавност не одговорија на нашето прашање.

Линијата број 29 беше воведена во октомври 2021 и сообраќаше од населбата Жданец преку Трнодол до Карпош 3 и обратно.

„Линијата ќе профункционира на барање на жителите на Жданец и Трнодол, за да им се олесни пристапот до централниот дел на општината и градот, а истовремено и како предлог решение за организиран јавен превоз од и до посочените населени места, имајќи го во предвид проектот за новата мрежа на линии од јавниот транспорт во Град Скопје“, рекоа тогаш од ЈСП „Скопје“.

Почетната и крајната станица на линијата 29 во Жданец беше  на улица Жданец, а во Карпош 3 на улица МАНАПО кај трговскиот центар Сити мол. Автобусите сообраќаа од 6 до 17 часот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...