МАГАЗИН

РЕПОРТАЖА ОД ХРВАТСКА СВЕТИЦА: Како изгледа воениот бункер за заштита од атомско-нуклеарни напади

Јутјуберот и фотограф Јурица Галиќ – Јука од Сплит, Хрватска, објави видео од својата посета на подземниот воен објект „Светица“ („Монте Мадона“), изграден 1950-те и 60-тите, во екот на Студената војна, како заштитен подземен бункер за утврдување во случај на атомско-нуклеарен напад.

Ова скривалиште и денес се одржува подготвено за секакви катастрофи. Инаку, „подземниот град“ се наоѓа под истоименото австроунгарско утврдување изградено 1915 година. „Светица“ била дел од големиот одбранбен систем на Пула, што била главно воено пристаниште во Монархијата Австро-Унгарија. Улогата на тврдината била да го штити пристаништето и да внимава на можните опасности од исток. По распадот на Австро-Унгарија 1918 година, „Светица“ била користена како воен објект од страна на италијанската, југословенската и хрватската војска.

Комплексот е првото трајно вештачко, подземно утврдување во Хрватска што засега е достапно за јавноста. Членовите на Националната асоцијација за утврдувања на Пула го чуваат и одржуваат овој воен комплекс од 2002 година со одобрение на властите.

Покрај воената опрема и просториите за секојдневни активности, бункерот има и командна просторија и кривулести скали што водат до палубата за набљудување.

Најголемиот, долен влез е претставен со врата вкопана во карпа висока три метри и широка пет метри. Зад вратата има долг тунел осветлен со свој агрегатен систем. Температурата во ова засолниште е константна и се движи 12 – 15 степени во текот на целата година, што всушност е просечна годишна температура на климата каде што се наоѓа подземниот објект. Изградено од специјален бетон измешан со кремен, што најчесто се среќава во реките и тоа на бункерот му дава посебна цврстина и отпорност на експлозии.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Најчитани статии на Википедија за 2023 година: ChatGPT е на врвот со 49 милиони прегледи

Милиони ширум светот се обраќаат до бесплатната онлајн енциклопедија „Википедија“ за полесно...

МАГАЗИН

Девојката која не постои, ја објави својата прва песна

Виртуелниот ентитет Ана Индијана на својот простор на социјалната мрежа „X“ ја...

МАГАЗИНПРИКАЗНИ

Зоолошката градина во Загреб – волшебен микросвет кој плени со својата хармонија

Зоолошката градина на градот Загреб е една од трите зоолошки градини во...

МАГАЗИН

Жителка на Уганда родила близнаци на 70 години

Државјанка на Уганда, која има 70 години, родила близнаци, по вештачко оплодување....