МАГАЗИН

По 320 години престанува да се печати еден од најстарите весници „Виенер цајтунг“

Еден од најстарите весници во светот „Виенер цајтунг“ го отпечати своето последно дневно издание, по речиси 320 години од излегувањето на првиот број.

Дневниот весник со седиште во Виена, повеќе нема да печати дневни изданија, откако неодамна беше променет законот и тој престана да биде профитабилен како печатен производ.

Законот, кој беше усвоен во април од коалициската влада на Австрија, стави крај на законското барање компаниите да плаќаат за објавување јавни огласи во печатеното издание на весникот, прекинувајќи ја улогата на „Виенер цајтунг“ како службен весник.

Оваа промена резултираше со проценета загуба од 18 милиони евра за издавачот и го принуди весникот да укине 63 работни места, вклучувајќи го и намалувањето на редакцијата од 55 на 20 новинари. Весникот ќе продолжи да излегува во онлајн верзија и редакцијата се надева дека во печатена форма ќе излегува како месечник, иако тој план сѐ уште е во развој.

Основан во 1703, весникот бил приватен до 1857, кога бил национализиран од царот Франц Јозеф Први, по што станал службен весник на државата. Во првиот број било објавено дека ќе обезбеди директен приказ на вестите „без никаков ораторски или поетски сјај“.

Во 1768 известуваше за концерт во кој свири „особено талентирано“ 12-годишно момче. Неговото име беше Волфганг Амадеус Моцарт. Кога Австрија беше поразена во Првата светска војна, весникот објави специјално издание со писмото за абдикција на последниот хабсбуршки император, царот Карл.

Во своето последно дневно печатено издание во петокот, беше објавено писмо од уредникот, во кое тој го обвинува новиот закон на Владата за крајот на печатењето и вели: „Ова се бурни времиња за квалитетно новинарство. На сѐ повеќе платформи, сериозната содржина се бори за внимание со лажни вести, видеа за мачки и теории на заговор“.

Арнолд Шварценегер беше еден од последни интервјуирани личности, заедно со поранешните австриски канцелари Франц Враницки и Волфганг Шизел.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Нова опција на „Ајфон“ потенцијално опасна за децата

Најновата верзија на оперативниот систем за телефоните и таблетите на „Епл“, како...

МАГАЗИН

„Гугл“ почнува со бришење неактивни мејл-адреси и профили

„Гугл“ во декември ќе почне со бришење милиони профили на услугите „Г-мејл“,...

МАГАЗИН

Намирници што не треба да се подгреваат во микробранова печка

Микробрановата печка е корисен уред за брзо подгревање храна, а може да...

МАГАЗИН

Недостигот на витамин Б12 може да предизвика и когнитивни проблеми

Веројатно една од најважните хранливи материи за човековото тело е витаминот Б12,...