АКТУЕЛНО

Општина Бутел бара да се вратат старите имиња на 38 улици

Општина Бутел достави иницијатива до Град Скопје за враќање на старите имиња на 38 улиците во општината. Градоначалникот Дарко Костовски вели дека оваа иницијатива ја доставил бидејќи тоа од него го барале граѓани и не станува збор за никаков национализам туку поправање на насилната одлука на ексградоначалникот Петре Шилегов.

„Од овие 38 улици, 20 се албански имиња останатите се македонски. Значи не држат вода обвинувањата на албанските политички партии. Јас само постапувам до барање на граѓаните, а меѓу нив има и Албанци. Станува збор за тоа што насилно од Петре Шилегов беа сменети имињата и сега граѓаните си бараат да се вратат старите. Одлуката сега понатаму е во надлежност на Град Скопје“, рече Костовски.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ чиј чlен е Костовски, еднаш побара да се вратат сити стари имиња кои ги донесе Коце Трајановски. Но, оваа нивно барање не помина затоа што против покрај СДСМ беа и албанските партии во Советот на Град Скопје.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

4.700 основци од Бутел ќе добијат бесплатни униформи

4.700 основци на територија на општина Бутел ќе добијат бесплатни училишни униформи....

АКТУЕЛНО

БУБАМАРАТА НА ДНК СЕ ПРОДАДЕ ЗА 250 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ: Донирани 690 илјади денари за лекување на младиот Леонид

Групата ДНК ја објавија на лицитација бубамарата што ја добија, со цел...

АКТУЕЛНО

Наредната сезона ќе профункционира градинката „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за...

АКТУЕЛНО

Целосно е реконструирана градинкатa „Пчелка 2“

Со реновирање на внатрешноста на објектот, заврши втората фаза од проектот за...