Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ започнаа со викенд активности за собирање и транспорт на отпадот од поставените контејнери и канти во сите скопски општини, како и одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини.
Активностите се одвиваат и во централното градско подрачје, на улица Македонија, плоштадот Македонија, како и на кејот „13 Ноември“, каде што се врши рачно метење и празнење на корпите наменети за одлагање ситни отпадоци, додека истовремено се реализира и рачно метење под надвозникот на булеварот Гоце Делчев.
Воедно во текот на денешниот ден, екипите на претпријатието извршија подигнување и транспорт на речиси 30 кубни метри отпад од повеќе диви депонии лоцирани на улиците Mетодија Митевски, Вуковарска и Благоја Паровиќ во скопската општина Чаир.
Leave a comment