АКТУЕЛНО

Следната недела ќе започне дислокацијата на топловод на мостот „Беласица“

Директорот на АД ЕСМ Васко Стефанов се надева дека дислокацијата на топловодот на мостот „Беласица“ кој е затворен за сообраќај по пожарот во мај, ќе почне од следната недела.

Во изјава за медиумите, Стефанов рече дека процесот ќе го води ЕСМ Дистрибуција.

„Од наша страна преземавме се. Прва фаза е дислокација на топлoводот. Тоа ќе се случи, ќе почне се надевам идната недела, бидејќи има законски процедури. Процесот ќе го води ЕСМ дистрибуција во чија надлежност е топлoводот. Ќе треба да се направи соодветна постапка согласно закон којашто ќе овозможи да се тргне во техничко решавање на проблемот. Кога ќе биде дислоциран топловодот, ќе се пристапи кон санација на мостот и тој повторно ќе биде лоциран на истото место“, рече Стефанов.

Драфт веризијата на извештајот што го изработи Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени покажа дека треба да се направи санација, но дека за тоа е ннеопходно да се извадат цевките за парно кои се наоѓаат под мостот.

Извештајот, како што изјави директорот на Институтот за сеизмички отпорни градби Михаил Гаревски, покажа дека оштетувањата се мали, но дека сепак ќе треба да се изврши санација.

„Потребна е санација на плочата над примарните цевки за парно со торкретирање за да се врати заштитниот слој од бетон кој ја штити ребрастата арматура од корозија. Потребно е и да се врати паднатиот бетон на некои површини од долната плоча и вертикалните ребра на сандачестите носачи. За да може да се спроведе санацијата на мостот неопходно е да се извадат цевките за парно кои се наоѓаат под мостот“, појасни професорот Гаревски.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Истражување: Прегратката го прави детето поинтелигентно

Секојдневната прегратка, што родителите можат да му ја пружат на детето –...

АКТУЕЛНО

Град Скопје го одбележа 1 Март – Денот на нулта дискриминација

Градоначалничката на Град Скопје, денеска во средното училиште на Град Скопје „Јосип...

АКТУЕЛНО

На 30 хонорарци им се прекинати договорите во МКЦ

Со одлука на директорот на МКЦ, Арбен-Бени Шаќири, на 30 хонорарци од...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Еколошката свест кај децата носи зелена и одржлива иднина

Во рамки на кампањата „Редуцирај. Селектирај. Рециклирај”, и Меморандумот за соработка кој...