АКТУЕЛНО

НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ: Поплавена Кардиологија, од паднати дрвја оштетени неколку коли

Во силното невреме кое попладнево го зафати Скопје поплавени се подруми на куќи и на Клиниката за кардиологија, искршени се повеќе дрвја и оштетени коли врз кои паднале. Како што соопштува Центарот за управување (ЦУК) со кризи не се пријавени повредени лица.

„На единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК пријавено е дека се поплавени неколку подрумски простории на улица Јордан Мијалков, спроти зградата на „Лимак“, две куќи во населба Драчево, а регистирирано е големо количество вода во подвозникот кај „Тинекс“. Поплавувањето на подвозникот го попречува одвивањето на сообраќајот. Пријавено е дека и на Клиниката за кардиологија се поплавени подрумските простории, каде што се салите за интервенција“, велат од ЦУК.

Низ градот има паднато повеќе гранки од дрвја при првиот налет на локалното невреме во Скопје, а на улица Симеон Кавракиров, во населбата Мичурин во Аеродром паднало големо дрво на улицата што оштетило и возило во движење, а и паркирани возила. Во 18.15 е отстрането од екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје и улицата е проодна.  Истотака имало паднато голема гранка од дрво, во близина на аптека „Зегин“ на булевар „Св. Климент Охридски“

Од Регионалниот ЦУК Скопје стапиле во контакт со пожарникарите од Бригадата (БППЗ) на Град Скопје и биле испратени екипи за испумпување на водата од критичните точки, а и со надлежни за вакви ситуации од претпријатијата на Град Скопје.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Од утре стартува дневната евтина тарифа на струјата

Од утре стартува евтината дневна тарифа на струјата во периодот од 13...

АКТУЕЛНО

Кисела Вода набавува мерна станица за квалитет на воздух што ќе се постави кај Цементарницата

Општина Кисела Вода вчера го распиша огласот набавка на мерна станица за...

АКТУЕЛНО

Скопската зоолошка градина демантира дека немаат адекватен кадар за грижа за животните

Скопската зоолошка градина има двајца дипломирано ветерирани со полно работно време кои...

АКТУЕЛНО

Започна реконструкцијата на улицата „Калош Дани“ во Карпош

Започна реконструкцијата на улицата Калош Дани во општина Карпош. Екипите на јавното претпријатие...