АКТУЕЛНО

Лани во Скопје се изградиле 82 дивоградби

Во главниот град лани се изградени 82 дивоградви, а во цела држава 662 објави Државниот завод за статистика. Според видот на објектот, бесправно се изградени 111 објекти за домување (16,8 проценти), 101 доградба, надградба и адаптација (15,3 проценти), 58 деловни објекти (8,8 проценти), 94 гаражи (14.2 проценти), 125 огради (18,9 проценти), пет скалила (0,8 проценти), 19 тераси (2,9 проценти), 5 летни тераси (0,8 проценти), 50 натстрешници (7,6 проценти), 15 времени објекти (2,3 проценти) и 79 помошни објекти (11,9 проценти).

Најмногу дивоградби има во Скопје 82, по што следат Куманово со 79, Битола и Охрид со по 53, Крива Паланка 42, Струмица 39, Тетово 31, Струга 26, Пробиштип 19.

Најголем број бесправно изградени објекти, 637 (96,2 проценти) се во приватна сопственост, а регистрирани се и 21 во државна сопственост и четири во мешовита сопственост.

До март годинава во Агенцијата за катастар на недвижности се впишани имоти на 296.810 објекти што добиле решение за легализација од матичните општини.

Легализацијата на дивоградби во државава првпат се овозможи со Законот за третман на бесправно изградени објекти од 2011 година. Законот и рокот за поднесување барања за легализација во неколку наврати претрпе измени, а со последната во 2021 година се овозможи негова примена уште пет години за да се постапува по предметите за околу 140.000 барања, што од најразлични причини останаа заглавени.

Истовремено со тие измени, на предлог на Министерството за транспорт и врски, во Собранието беше доставен нов закон за легализација, а со кој би се опфатиле дивоградби изградени до јануари 2021 година, но со плаќање казнени пенали. Поради реакциите во јавноста овој закон беше повлечен и од Министерството за транспорт и врски беше речено дека со стучната фела ќе се прави нова верзија.

 

 

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Шахот ги освои учениците од Кисела Вода

Шаховскиот Сојуз на Град Скопје, месецов, ги заврши квалификационите училишни натпревари во...

АКТУЕЛНО

Оперската претстава „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини на 2 март во НОБ

На 2 март со почеток во 20.00 часот во Националната опера и...

АКТУЕЛНО

Саем на мебел во Скопје од 20 до 24 март

Од 20 до 24 март во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Комерцијална банка донираше имот на Општина Центар за изградба на јавна зелена површина

По барање на Општина Центар, Комерцијална банка донираше имот за изградба на...