АКТУЕЛНО

Куќен притвор за Тодоровиќ, вели не е виновен за незаконски потрошени 56 милиони евра за „Скопје 2014“

Судија на претходна постапка синоќа му одреди куќен притвор на поранешниот градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, кој е еден од осомничените во случајот „Феникс“ за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“.

Поранешниот претседавач на Советот на Општина Центар Владимир Здравев и брат му Александар, пак, добија притвор од 30 дена, како и осомничените Игор Секуловски и Љупчо Бакев. Куќен притвор му е одреден и na Тодор Делјановски, а едно лице е во бегство.

Тодоровиќ на излегување од судот кусо изјави дека не се чувствува виновен и оти засега нема друг коментар.

Повеќе поранешни функционери се дел од истрагата на Јавното Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција која се води против 15 лица под кодно име „Феникс“. Помеѓу осомничените, покрај македонски државјани има и државјани од Италија, а се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“.

Како што информира денеска на прес-конференција обвинителот Љубомир Лапе, осомничените, заобиколувајќи го Собранието, обезбедиле финансиски средства од државниот буџет со кои го финансирале извршувањето на кривичните дела и незаконски ги префрлиле на сметката на општина Центар во вкупен износ од 3.547.390.000,00 денари (57.681.138,00 евра).

Повеќе поранешни функционери се дел од истрагата на Јавното Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција која се води против 15 лица под кодно име „Феникс“. Помеѓу осомничените се поранешниот премиер Никола Груевски, кој е првоосомничен, второосомниочен е поранешниот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески, поранершната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, двајца поранешни градоначалници на Општина Центар Владимир Тодоровиќ и Виолета Аларова и поранешниот претседател на Советот на Општина Центар Владимир Здравев, а меѓу осомничените е и еден државјанин на Италија и три италијански фирми.

Кривичните дела се сторени од 2007 до 2013 година, периодот кога се спроведувани јавните набавки за предметите споменици, дел од „Скопје 2014“, а истрагата е отворена по 10 години.

Меѓу спомениците за кои се води постапката се „Воинот на коњ“ на плоштадот „Македонија“, лавовите – архаични и класични, „Даме Груев“, „Гоце Делчев“, „Никола Карев“, „Методија Андонов – Ченто“, „Цар Самоил“, „Гемиџии“, „Цар Јустинијан“, „Првото заседание на АСНОМ“ и „Основачите на ТМРО“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Утре бесплатен разглед на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската aсоцијација на туристички водичи...

АКТУЕЛНО

Прва канцеларија за родителство во Карпош

Во рамки на програмските активности на Општина Карпош, денес се одржа работен...

АКТУЕЛНО

Поставени две кутии за донација пред влезот на ЗОО

Скопската Зоолошка градина се приклучува на хуманитарната акција за успешно лекување на...

АКТУЕЛНО

Нов кош, голчиња и детски реквизити на спортските и на детското игралиште во населбата Пролет

Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба...