КУЛТУРА

ИЗЛОЖБА НА ЏОН ИЛИЈА-АПЕЛГРЕН: Кога замреа микрофоните во ковид-пандемијата, фотографирав

Во Кинотека вечер ќе биде отворена изложбата „Забранети луѓе“ од Џон Илија Апелгрен. Црно-белите фотографии на музичарите  се всушност дел од неговата книга издадена за време на ковид пандемијата со ист наслов „Забранети луѓе“.

Делото, кое е во издание на „Арс Либрис“, е своевиден книжевен документарец за незавидната состојба на дел од џез- и рок-музичарите за време на пандемијата со Ковид-19. Апелгрин покрај тоа што е автор на книгата, се јавува и како фотограф на црно-белите портрети на музичарите.

Оваа изложба се поставува во рамки на фестивалската понуда на Скопско лето.

„Со фотографија се занимавам од поодамна. Љубовта ми се роди во Англија, кога го добив првиот фотоапарат „Пентакс асахи“, во 1989 година. Во моментот кога замреа микрофоните, силно ми зазвучи тишината во животот на „забранетите“, а фотографијата ми се виде како најсоодветна за „заробување“ на таа тишина во фотографиите и решив да ја раскажам нашата приказна на овој начин, објаснува Џон Илија Апелгрен.

Во книгата се застапени портрети на 14 домашни музичари, чијашто главна егзистенција се ноќните свирки и настапите во живо во локали, кои беа забранети за време на карантините и мерките за заштита за време на пандемијата. Фотографиите се портрети на музичарите застапени во книгата.

Објавувањето на книгата имаше хуман аспект за поддршка на музичарите чиишто ангажмани беа на најголем удар за време на пандемијата

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

КУЛТУРА

МНТ хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба на претставите „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“

Македонскиот народен театар хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба...

КУЛТУРА

Промоција на монографија за Универзална сала, „Скопскиот симбол на хуманоста“

Книгата е издание на ЈУ Универзална сала – Скопје, а објавена е...

КУЛТУРА

„Гола Планина“ организира фестивал „Сепак се врти“ во Градски парк

Во Градскиот парк во Скопје, во делот кај сцената „Лепеза“, на 3...

КУЛТУРА

Клинци број 2 – младинско книжевно читање во Europe House Скопје

Второто книжевно младинско читање кое ќе се одржи во „Europe House Скопје“,...