АКТУЕЛНО

Герасимовски: Поделени 150 пакети за социјално загрозени семејства

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски подели 150 пакети со прехранбени продукти и хигиенски производи, наменети за социјално загрозени лица и семејства од Општина Центар.

Социјалните пакети кои се донација, од компанијата Кам Маркет со која што Општина Центар има традиционалната соработка, Градоначалникот Герасимовски ги подели заедно со претставници од невладината организација „Банка за храна на Македонија“.

„Хуманитарната иницијатива „Нула глад во Општина Центар“ продолжува да се реализира во континуитет и е секоја година добредојдена за нашите сограѓани, кои се наоѓаат во социјален ризик на сиромаштија. Верувам дека истата ќе придонесе кон подобрување на нивната сигурност и благосостојба со првична помош и поддршка за задоволување на основните животни потреби“, порача Герасимовски.

Општина Центар апелира и до останатите компании се приклучат со донации и да ја поддржат хуманитарната иницијатива „Нула глад во Општина Центар“со цел да им се помогне на најранливата категорија наши сограѓани. Општина Центар секогаш ќе се залага за организирање на разновидни хуманитарни акции за помош онаму каде е најпотребно.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...