АКТУЕЛНО

Уапсен ексградоначаникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ за перење пари

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал вчера во Скопје уапсиле пет лица за злоупотреба на службена должност и за перење пари.

„Вчера (29.06.2023) во попладневните часови и во текот на вечерта од страна на полициски службеници од МВР – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по налог на ОЈО ГОКК, а со наредба на судија на претходна постапка, лишени се од слобода пет лица во врска со чл.273 ст.5 и чл.353 ст.5 од Кривичниот законик“, информираат од МВР.

Според Кривичниот законик, член 273 се однесува на перење пари, а член 353 за злоупотреба на службената положба.

Дел од медиумите објавија дека меѓу уапсените се и сопственикот на „Тинекс“ и поранешен градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ и поранешниот функционер во истата Општина Владимир Здравев за предметот за проектот „Скопје 2014“.

Лицата се приведени и задржани во полициска станица и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Парк на Франкофонија добива паметно осветлување

Од Паркот на Франкофонијата започна инсталирањето на Тип 3 светилките кои се...

АКТУЕЛНО

Од денес секој четврток „И јас сум на Водно“

Почнувајќи од овој четврток, од 19 до 23 часот, планинарско-спортскиот клуб „Н2О“...

АКТУЕЛНО

Испратете разгледница со мирис: Франција со поштенски марки кои мирисаат на багети

Франција во полн ек се подготвува за претстојните Олимписки игри, погрижувајќи се...

АКТУЕЛНО

„Девијантно Девојачко“ на Клелија во Бруталиск

Во склоп на Skopje Pride Weekend, Клелија, трансдисциплинарна дизајнерка од Скопје која...