АКТУЕЛНО

Скопската пожарна добива две нови возила за гаснење пожари

Бригадата за противпожарна заштита на Скопје ќе добие две нови пожарникарски возила за гаснење пожар со вода и со пена. Пред неколку дена Град Скопје потпиша договор за купување на две противпожарни возила со капацитет од минимум 6.000 литри вода и резервоар за пена со капацитет од 6% од на резервоарот за вода.

Станува збор за ПП возила за гаснење пожари на цврсти запаливи материи и пожари со запаливи течности. И двете нови автоцистерни ќе може да работат на терен во и надвор од градските патишта, односно во рурални средини.

За набавка на овие возила Градот одвои 227.580 евра, а фирмата што го добила тендерот има рок во следните шест месеци да ги испорача автоцистерните во Секторот за заштита и спасување на Град Скопје.

Според последните резултати од најновите истражувања и бази на податоци, што на почетокот на овој месец ги објави Центарот за граѓански комуникации, во земјава противпожарните возила што се користат се просечно стари по 27 години. Освен со возила, проблем има и со недостатокот на пожарникари, кој е најголем во главниот град. Така, анализата покажала дека во Скопје недостасуваат над 200 стручни лица за гасење пожари, односно скопската единица има 190, а треба да има 405 пожарникари.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

4.700 основци од Бутел ќе добијат бесплатни униформи

4.700 основци на територија на општина Бутел ќе добијат бесплатни училишни униформи....

АКТУЕЛНО

БУБАМАРАТА НА ДНК СЕ ПРОДАДЕ ЗА 250 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ: Донирани 690 илјади денари за лекување на младиот Леонид

Групата ДНК ја објавија на лицитација бубамарата што ја добија, со цел...

АКТУЕЛНО

Наредната сезона ќе профункционира градинката „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за...

АКТУЕЛНО

Целосно е реконструирана градинкатa „Пчелка 2“

Со реновирање на внатрешноста на објектот, заврши втората фаза од проектот за...