РИТАМ НА ГРАДОТ

Почина актерката Емилија Андреева

На 68 годишна возраст, почина актерката Емилија Андреева. Емилија Андреева дипломира на Вишата музичка школа во Скопје, на отсекот за драмски актери, во 1977 година.

Дел е од ансамблот на Македонски народен театар – Скопје повеќе од 40 години, од 1979 до 2022 година. За време на својата долгогодишна актерска кариера на театарската сцена ги оживеа ликовите на Валерија во „Лов на диви пајки“ (1979), Љубената во „Обесеник“ (1979), Малтескињата Лезли во „Кенгурски скок“ (1979), Невестата и Гирланда во „Кандид“ (1980), Јевросима во „Војна и мир во Груда“ (1981), Емилија во „Габи“ (1982), Ходел во „Свирач на покрив“ (1983), Саша во „Иванов“ (1984), Евгенија Занданска во „Mazedonische zustände/Македонски состојби“ (1984), Трендафила во „Рамна земја“ (1985), Рипката во „Гуштерица“ (1986), Другарка на Антица во „Антица“ (1988), Нина Заречка во „Галеб“ (1990) и Госпоѓицата Лујза во „Посета на старата дама“ (1990). Играше и во „Вечер на Лундиквист“ (1979), „По претставата“ (1981), „Остен“ (1981), „Стилски вежби“ (2008) и „Троил и Кресида“ (2010). Една од нејзините претстави е и поетскиот монодрамски приказ „Незавршената приказна” (2009), на Градскиот театар и Младинскиот културен центар.

Андреева е добитник на награда „Трајко Чоревски“ за најдобар млад актер на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, во 1984 г., како и на награда на ревијата „Екран“ за најдобар млад актер за улогата на Евгенија Занданска во претставата „Mazedonische Zustände“, 1984 г., а двапати е одликувана и со високите признанија на тогашната Југословенска радио и телевизија.

-Остануваат да сведочат за нејзината талентираност и актерска способност улогите во сериите и филмовите: „Курирот на Гоце Делчев“ (1979), „Исправи се, Делфина“ (1977), „Томи од бензинската пумпа“ (1979), „Оловна бригада“ (1980), „Време, води“ (1980), „Цвеќе на карпата“ (1989) и други, соопштија денеска од МНТ.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

РИТАМ НА ГРАДОТ

Изложба на студентите од Факултетот за ликовни уметности Скопје

Вечерва од 19.00 часот во „Сули ан“ Скопје ќе се отвори изложба со...

РИТАМ НА ГРАДОТ

„Candlelight“ – концерт под свеќи на Профундус и виолинист Марио Хосен во Филхармонијата

Илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената на Филхармонијата на која вечер во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Улични живи статуи и музика во понеделник во центарот на Скопје

Идниот понеделник, 15 април со почеток од 18:30ч. на улица Македонија во центарот...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Илјадници свеќи на сцената на Филхармонија овој петок за премиерното издание на „Candlelight“ – концертот под свеќи

Овој петок илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената на Македонската филхармонија на...