ИНФО

Казнети 205 возачи, од нив 55 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 205 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкции.

Изречени се 17 мерки за возење без возачка дозвола, три за управување возило под дејство на алкохол, осум за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли, две санкции за минување на црвено светло, девет за користење мобилен телефон при управување возило и три мерки за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

„Тегла+“ – зимница за бездомниците и за социјално загрозените семејства

Здружението „Љубезност“ оваа година ќе организира тридневен донаторски настан „Тегла +“, кој...

ИНФО

Изложба на ДЛУМ по повод 30. Министерски совет на ОБСЕ

Во хотелот „Александар Палас“ ќе биде поставена изложба во чест на триесетиот...

ИНФО

Утре бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“

Поради одржување на Самитот на ОБСЕ на зонските паркиралишта во надлежност на...

ИНФО

Шалтерите на Водовод денес и утре со скратено работно време

Денес, шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието Водовод и канализација ќе работат...