АКТУЕЛНО

Арсовска не доаѓа на седница за советнички прашања, ама сама се слика на водовод во Сарај

Градоначалничката Данела Арсовска не доаѓа на седница на Советот на Град Скопје за да одговара на прашањата за проблемите на Скопје, но присуствува на почеток на градежни работи за водоводна мрежа во Општина Сарај. Арсовска вчера на својот фејсбук профил објави дека заедно со градоначалникот на Сарај Блерим Беџети го означиле отпочнувањето на градежните активности за реализација на проектот за подобрување на системот на водоснабдување на Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ, Ласкарце, Семеништа и Чајлане.

Информација од нејзиниот кабинет беше испратена и до медиумите, но покана за присуство на настанот немаше. Како и цел нејзин досегашен мандат таа самата се слика, пушта информации на нејзиниот фејсбук профил, а новинарите не ги кани ниту на ниту еден увид, посета на некоја институција или почеток на некој проект.

Вчерашната седница за советнички прашања беше одложена откако советниците на СДСМ револтирани од игнорантскиот однос на Арсовска ја напуштија седницата. Потоа и советниците на ВМРО-ДПМНЕ побараа седницата да се одложи. Претседателот на Советот Трајко Славески кажа дека Арсовска непосредно пред почетокот на седницата го информирала дека нема да присуствува, иако за датумот на одржување била известена уште на 14 јуни.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Град Скопје воведува нова биокомпостара за ефикасно третирање на органскиот отпад

Градоначалничката на Град Скопје, заедно со екипи од скопските јавните претпријатија, ја...

АКТУЕЛНО

4.700 основци од Бутел ќе добијат бесплатни униформи

4.700 основци на територија на општина Бутел ќе добијат бесплатни училишни униформи....

АКТУЕЛНО

БУБАМАРАТА НА ДНК СЕ ПРОДАДЕ ЗА 250 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ: Донирани 690 илјади денари за лекување на младиот Леонид

Групата ДНК ја објавија на лицитација бубамарата што ја добија, со цел...

АКТУЕЛНО

Наредната сезона ќе профункционира градинката „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за...