АКТУЕЛНО

500 семејства на Стаклара ќе добијат водовод и фекална канализација

Општина Кисела Вода ќе почне да гради водовод и канализација во Стаклара. Според најавите, станува збор за проект кој предвидува изградба на две мрежи, водоводна и фекална канализациона мрежа, во вкупна должина од 9.2 километри.

Фекалната канализациона мрежа ќе биде во должина од 5.7 километри, додека водоводната во должина од 3.5 километри.

Средствата во износ од 480.000 евра се одобрени од Министерството за животна средина, а делот од парите за фекалната канализациона мрежа се обезбедени преку финансиско партнерство со општествено одговорните компании од овој дел на Кисела Вода.

По овој градежен зафат, ќе следува и асфалтирање на улиците, со што покрај целосната функционалност, ќе се постигне и естетика во просторното уредување.

На квалитетна инфраструктура во Стаклара, како еден од елементарните услови за нормално живеење и делување, декади наназад чекаат преку 500 семејства и безмалку сите бизнис ентитети лоцирани во овој дел на општината.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Урбани велосипедисти денес ќе вртат кругови околу „Ист Гејт Мол“

За прв пат во Скопје, Амбасадата на Холандија и „Гоу Грин“, организираат...

АКТУЕЛНО

Најискрената публика уживаше во младинската театарска претстава „Како ќе го делиме мачорот“

Учениците од Општина Центар го посетија „Тетарот за деца и младинци“-Скопје, со...

АКТУЕЛНО

„Скриени дела и спомени – откривање“ – арт инсталацијата на студентите од ФЛУ Скопје

„Скриени дела и спомени – откривање“ е насловот на арт инсталацијата на...

АКТУЕЛНО

Општина Центар со 17 Еразмус Плус проекти во изминативе пет години

Градоначалникот Горан Герасимовски заедно со Бојан Маричиќ, заменик претседателот на Владата задолжен...