МАГАЗИН

Откази за сите новинари во списанието „Нејшнл џиографик“

„Нејшнл џиографик“ (National Geographic) ги отпушти своите последни вработени новинари и најави дека од следната година повеќе нема да се продава на киосците во САД, но ќе продолжи да објавува месечни изданија.

Откази добија 19 вработени новинари, а редакцијата отсега ќе биде составен од хонорарни уредници и соработници

„Нејшнл џиографик“ најави дека сепак ќе остави неколку вработени новинари и објасни дека кратењето на трошоците го вовела матичната компанија Дизни.

„Промените во бројот на вработени нема да влијаат на квалитетот на нашата работа, но ќе ни овозможат поголема флексибилност да раскажуваме различни приказни и да се дружиме со нашата публика преку нашите многубројни платформи. Секоја инсинуација дека овие промени негативно ќе влијаат на списанието или на квалитетот на нашето известување едноставно се неточни“, изјави портпаролот на „Нејшнл џиографик“.

„Нејшнл џиографик“ е во сопственост на Волт Дизни од 2019 година. Списанието за природата, што се публикува 135 години, во изминатите години имаше повеќекратно намалување на работните места.

Списанието е основано од „Нејшнл џиографик сосајети“ (National Geographic Society) во 1888 година, беше продадено на „Твенти-Фрст Сенчари Фокс“ (Twenty-First Century Fox) во 2015 година. Дизни (Disney) се здоби со мнозински удел, кога ја купи компанијата „Твенти-Фрст Сенчари Фокс“ под контрола на Руперт Мардок за 71 милијарда долари во 2019 година.

Колекционерското списание имаше 12 милиони претплатници во САД и неколку милиони повеќе ширум светот во 80-тите години од минатиот век. На крајот на 2022 година, имаше помалку од два милиона претплатници во САД.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Со над 15.000 монети маж на Кипар отишол да плати судска казна од 500 евра

Со куфер полн со 15.500 монети од по еден, два, пет и...

МАГАЗИН

Угина Мали – „најтажната слоница на светот“

Слоницата Мали која активистите за природата ја нарекоа „најтажната на светот“ угина...

МАГАЗИН

Потопен древен град – туристичка атракција во источна Кина

На длабочина од 40 метри, дното на езерото Ќијандао во Кина сведочи...

МАГАЗИН

Нова опција на „Ајфон“ потенцијално опасна за децата

Најновата верзија на оперативниот систем за телефоните и таблетите на „Епл“, како...