АКТУЕЛНО

Градските советници не одржаа Совет оти градоначалничката ниту доаѓа, ниту им одговора на нивните прашања

Лути и револтирани од односот на градоначалничката Данела Арсовска, советниците од колацијата на СДСМ во Советот на Град Скопје ја напуштија седницата. Како што на говорницата истакна координаторката на оваа советничка група, Љубица Јанчева, денешното непојавување на Арсовска на седницата на Советот предвидена за советнички прашања, не е првпат, со што јасно покажува непочитување и на советниците, но пред се на скопјани.

„Непоспредно пред почетокот ни беше кажано преку допис, дека Арсовска нема да присуствува на денешната седница за одговарање на советнички прашања и тоа не е првпат. И тоа не е првпат да не го почитува Советот како институција и орган и не е првпат да не добиваме одговори на советнички прашања. Од минатат седница никој нема добиено одговор на советничко прашање. Во таа насока, ние ќе ја напуштиме седницата, оти градоначалничката не е тука. И сакам да го завршам моето денешно излагање со нејзин цитат ‘Јас работам чесно, принципиелно и одговорно’. На ова јас би поставила едно прашање: Градоначалничка колку сте чесна, одговорна и приципиелна кога на седница не навредувате, не ни одговарате на советнички прашања и не присуствувате на седниците за советнички прашања. Одговорот не го упатувајте до мене, туку до граѓаните“, рече Јанчева.

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски нагласи дека добил допис од кабинетот на Арсовска во кој се извесува Советот дека таа нема да присуствува заради „наводно некоординирана датум за советнички прашања“.

„За мене ова е неприфатливо, бидејќи датумот за поставување советнички прашања беше навестен пред еден месец, а поканата за оваа седница е испратена на 14-15 јуни. Тоа значи дека нема никаква оправданост за отсуството“, изјави Славевски.

По ова се обрати советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска која сакаше да ги информира скопјани дека досега сите нивни прашања, поставени до градоначалничката, одговор нема.

„Данела Арсовска не чувствува пред скопјани на она што тие ја прашуваат. На Данела Арсовска и е поважно да шета низ светов за некои лични интереси, за кои ќе треба да даде одговор за секое патување и што имаа скопјани од тоа. За што се трошат парите на скопјани и за кои нејзини патувања и екипата околу неа. Зошто тие патувања и се многу поважни од одговорите на прашања на граѓаните. Во Скопје се уште не се случува ништо и во Скопје никогаш не било полошо. Сакаме да ни ги одговори на сите досега поставени прашања кои ги засегаат граѓаните. Данела Арсовска, скопјани те прашуваат каде си во моментов и што е поважно од градот?“, изјави на говорницата Андоновска.

Поради немањето кворум, како и барањето на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за одложување на седницата, денешната седница на Советот за советнички прашања се одложи, за кога допрва ќе се знае.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Новогодишна еуфорија во април, Арсовска уште од сега не спрема за идниот дочек на Нова година

Новогодишна еуфорија во април месец сеуште може да се забележи во главниот...

АКТУЕЛНО

Вечерва мултимедиајлен настан „Танец во фокусот“ во Кинотека

Вечерва во Кинотека на Македонија во 19 часот, ќе се одржи мултимедиајлен...

АКТУЕЛНО

Започна реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во Центар

Општинските служби го започнаа реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во...

АКТУЕЛНО

„Лајка“ ќе организира макенбал за кучиња во Градски парк

ЈП „Лајка“ во недела во Градски парк во Скопје ќе организира маскенбал...