РИТАМ НА ГРАДОТ

ВЕЧЕРВА ВО КИЦ: Концерт на џез триото Кондовски, Дробицки и Омерагиќ

Во Културно информативниот центар во Скопје, Салон 19:19, вечер ќе се одржи концерт на џез триото Кондовски, Дробицки и Омерагиќ.

Според информациите од КИЦ, станува збор за неконцептуален современ и слободен џез стил во комбинација на фразирање во стилот на класичната музика и импровизации. Импровизациите создаваат композиции конструирани во зададена форма. Издадени се два музички албуми „Away” и „Outcasts” за издавачката куќа PMGJAZZ.

„Албумите се приказни искажани преку музика и генерално раскажуваат четива за имиграцијата, за напуштените домови, за анксиозноста и напуштање на младите луѓе за подобар свет, воедно и отпадништвото на уметниците кои се трудат да ја подигнат културата како на глобално, така и на локално ниво. Стилот на неконцептуалност е креирана во слободните импровизации, паралелно со тоа се доловува и приказната за слободното делување како и одговорноста на самата слобода во нас, како луѓе, а пред се како уметници“, информираат од КИЦ.

Концертот е втор во серијалот „unplugged“ концерти кои ќе се реализираат во Салон 19:19 во рамки на годишната музичка програма на Културно информативен центар – Скопје за оваа година.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

РИТАМ НА ГРАДОТ

Изложба на студентите од Факултетот за ликовни уметности Скопје

Вечерва од 19.00 часот во „Сули ан“ Скопје ќе се отвори изложба со...

РИТАМ НА ГРАДОТ

„Candlelight“ – концерт под свеќи на Профундус и виолинист Марио Хосен во Филхармонијата

Илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената на Филхармонијата на која вечер во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Улични живи статуи и музика во понеделник во центарот на Скопје

Идниот понеделник, 15 април со почеток од 18:30ч. на улица Македонија во центарот...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Илјадници свеќи на сцената на Филхармонија овој петок за премиерното издание на „Candlelight“ – концертот под свеќи

Овој петок илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената на Македонската филхармонија на...