АКТУЕЛНО

Ѓорче Петров објави повик за ангажирање на невработени лица – за четири часа дневно ќе добиваат над 13.000 денари

Општина Ѓорче Петров објави повик до сите невработени лица од општината да се пријават за деветмесечно ангажирање како негователи на стари и изнемоштени лица и лица со попречености и како и негователи за помош и подршка за самостојно живеење.

Месечниот износ за ангажирањето изнесува 13.750 денари за скратено работно време од 4 часа дневно или 20 часа неделно (максимална флексибилност за временски интервал за ангажирањето).

Општината обезбедува тримесечна платена обука, а работниот ангажман трае шест месеци.

Оние кои ќе ја посетуваат обуката ќе се стекнат со мегународно признат сертификат за неговател, кој по завршување на проектот ќе може да го искористите за ваше понатамошно напредување. Повеќе информации може да добиете на контакт тел: 076 21 23 29.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Најискрената публика уживаше во младинската театарска претстава „Како ќе го делиме мачорот“

Учениците од Општина Центар го посетија „Тетарот за деца и младинци“-Скопје, со...

АКТУЕЛНО

„Скриени дела и спомени – откривање“ – арт инсталацијата на студентите од ФЛУ Скопје

„Скриени дела и спомени – откривање“ е насловот на арт инсталацијата на...

АКТУЕЛНО

Општина Центар со 17 Еразмус Плус проекти во изминативе пет години

Градоначалникот Горан Герасимовски заедно со Бојан Маричиќ, заменик претседателот на Владата задолжен...

АКТУЕЛНО

Јавен повик за средношколци за учество во проектот Театарот ги обединува младите TRY

Програмата TRY (Театарот ги обединува младите) е меѓународен проект ко – финансиран...