МАГАЗИН

ТОПЛОТЕН УДАР, ТОПЛОТНА ИСЦРПЕНОСТ ИЛИ СОНЧАНИЦА: Држете се настрана од силното сонце

Иако постои голема разлика во сериозноста на овие состојби, симптомите се слични, а заедничка им е високата телесна температура и дехидрацијата.

Летото официјално започна, а температурите секој ден се повисоки. Со оглед на тоа дека живееме во клима каде што живата во термометарот често се приближува до 40 степени Целзиусови, важно е да се потсетиме на некои правила кои ќе ни го олеснат овој период.

Топлотниот удар не е само фраза. Станува збор за сериозна состојба предизвикана од високите температури на воздухот и прекумерниот напор на телото, кое повеќе не е способно да се лади. Посебно загрозени се бебињата, кои се уште немаат развиен систем за терморегулација, како и постарите лица и хронично болните лица.

Симптоми на топлотен удар – Еден од сигурните симптоми дека сте доживеале топлотен удар е чувството дека „телото ви гори“, но не се потите. Ако вие или некој околу вас ги почувствува овие симптоми, веднаш побарајте лекарска помош.

  • Променета состојба на свест (конфузија)
  • Бесвест
  • Конвулзии (неконтролирани грчеви на телото)
  • Температурата на телото над 40 степени Целзиусови
  • Брзо или неправилно дишење

Ако оваа состојба продолжи, може да доведе до кома, откажување на органите и на крајот смрт. Луѓето и животните затворени во возила брзо влегуваат во оваа тешка ситуација и често не можат да се спасат. И пред пристигнувањето на брзата помош, лицето треба што побрзо да се излади со влажни крпи, вода, вентилатор…

Како да се избегне опасност?

Најдобро е да избегнувате сонце за време на топло време, да останете хидрирани и да не се напрегате. Постојат неколку правила кои важат за сите, но особено за најранливите групи (стари, деца, хронични пациенти)

  • Останете под сенка или внатре во часовите помеѓу 11 и 15 часот
  • Редовно нанесувајте крема за сончање
  • Носете покривка за глава и лесна облека
  • Избегнувајте напорни активности кои ја зголемуваат телесната температура
  • Пијте многу вода и јадете лесна храна
  • Избегнувајте алкохол и кофеин
  • Туширајте се со ладна вода или ставете ладни облоги на кожата и облеката

Термичка исцрпеност

Овој медицински термин се однесува на прегревање на телото и губење на течности од телото, обично поради прекумерно потење, но тоа не е толку опасно како топлотниот удар. Симптомите вклучуваат слабост, малаксаност, гадење, главоболка, вртоглавица и конфузија. Иако симптомите се слични на оние на топлотниот удар, тие треба да исчезнат во рок од половина час по ладењето.

Сончев удар

По предолго изложување на сонце, особено на главата и задниот дел од главата, може да се појави и овој проблем. Сончевиот удар ќе го препознаете по сува кожа, силно црвенило на лицето, покачена телесна температура, главоболка, конфузија, вртоглавица, гадење и чувствителност на светлина. Лицето треба што побрзо да се стави под сенка, а телото да се олади со ладна вода и облоги. Треба да му се дадат млаки течности да пие и да повика помош доколку температурата не се намали и состојбата на лицето не се подобри.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Истражувања: Некои особини и одлики се наследуваат главно од мајката

Повеќето човечки особини се полигенски, што значи дека тие се одредени со...

МАГАЗИН

Црната боја – признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Моќта на бојата на облеката што се носи е потврдена со истражување...

МАГАЗИН

„Чет-ГПТ 4о“ со најбрз превод досега

Новата верзија „Чет-ГПТ 4о“ е достапна за јавноста од пред неколку дена,...

МАГАЗИН

Морската сол делотворна против мрсна коса

Проблемот со мрсна коса е предизвикан од акумулацијата на тн. Себум –...