АКТУЕЛНО

ОПШТИНА ЦЕНТАР: Градинката Корчагин добива нова фасада, реконструкција на кровот и внатрешноста на објектот

Објектот Пинокио, клон на детската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“ добива санација на фасада, комплетна реконструкција на кровот. Надворешните тераси и внатрешноста на целиот објект. Во внатрешниот дел на објектот се работи во занималните и ходниците каде што се изведува реконструирање на дел од ентериерот, замена на внатрешната столарија и целосна замена на електричната инсталација и реконструкција на дел од водоводната и канализациона мрежа.

„Квалитетната и сеопфатна детска заштита подразбира континуирано подобрување на условите во градинките и грижа за најмладите. Затоа периодов работиме на обновување на фасадната и кровната конструкција и во објектот Пинокио со цел да придонесеме за уште подобри услови за престој на децата особено во зимските и дождливите периоди. Паралелно инвестициите во внатрешноста на градинката и просториите ќе допринесат до поквалитетен воспитно образовен процес и зголемен конфор за децата“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Се работи интензивно со цел да се овозможат  подобри услови за престој на децата во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“, а летниот период е поволен за извршување на градежните зафати, кои според предвидената динамика се планира да бидат завршени до крајот на август. Општина Центар и понатаму ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните со цел да се задоволат потребните услови за згрижување на децата во градинките според најсовремените стандарди.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Од утре стартува дневната евтина тарифа на струјата

Од утре стартува евтината дневна тарифа на струјата во периодот од 13...

АКТУЕЛНО

Кисела Вода набавува мерна станица за квалитет на воздух што ќе се постави кај Цементарницата

Општина Кисела Вода вчера го распиша огласот набавка на мерна станица за...

АКТУЕЛНО

Скопската зоолошка градина демантира дека немаат адекватен кадар за грижа за животните

Скопската зоолошка градина има двајца дипломирано ветерирани со полно работно време кои...

АКТУЕЛНО

Започна реконструкцијата на улицата „Калош Дани“ во Карпош

Започна реконструкцијата на улицата Калош Дани во општина Карпош. Екипите на јавното претпријатие...