КУЛТУРА

„Нè чека пат“ нова поетска книга на Санде Стојчевски

„Нè чека пат“ е насловот на најновата поетска книга од современиот македонски поет и литературен критичар Санде Стојчевски која излезе деновиве од печат во издание на „Дијалог“ од Скопје.

Поетот, критичарот и есеистот Санде Стојчевски, како што наведува издавачот, е препознатлив со исклучителна творечка посветеност, која се открива како вистинска опсесија со текстот. Тој е осведочен лиричар, но и компетентен промислувач на уметноста на зборот, па оттука неговите книги се одликуваат со едно вдахнато поткревање на текстот и со негова нагласена лирска интонација. Во рамките на лирските слоеви тој вградува поетички елементи, збогатувајќи ги на тој начин опсегот и волуменот на лирската структура.

„Ова се квалитети и својства и на неговата најнова книга. Станува збор за едно ново, лирски поткренато и неотстапно навраќање на неговите, веќе со години прокламирани и аргументирани разбирања на природата на лирската песна, овојпат преку степенување на пристапот, преку проверка низ конкретна лирска пракса и преку очигледна потрага и преиспитување на формулите и патиштата што би можеле да водат кон творечка реализација на пев кој се доближува до атрибутите на поетска структура со елементи на врховност. Со други зборови, песните во најновата книга на Стојчевски се чекори, скали, степени на присност со визијата за песна што би се одликувала со полнота, со нагласен копнеж по неможност од инаков пев“, се наведува за новата книга поезија на Стојчевски.

Ваквите свои размислувања, се додава, за разбирање на лирската организација на текстот, Стојчевски веќе со децении наназад ги артикулира, ги аргументира и енергично ги брани во своите книги есеи, критики и полемики.

„Ваквата визија за природата на лирскиот текст сега е згусната во наслов на книга, при што се подразбира дека се работи за патување, за наум да се назначат најветувачките потходи кон осветлување на формулата за извишена лирска катедрала. Несомнено дека станува збор за една ретка творечка светост за визија, за сон, за лирска анабаза. Новата книга на Стојчевски е подготовка за поход кон врховното, кон раскошот на творечкиот хоризонт што ни се отима од посегања.

Создава впечаток, како што понатаму се посочува, и тоа што и во оваа своја поетска книга Стојчевски објавува есеистички прилог во кој на мошне аналитичен начин уште еднаш ги аргументира своите разбирања на природата на лирската песна, изнесувајќи голем број примери од значајни домашни и странски мајстори на песната.

Изданието финансиски е помогнато од Министерството за култура.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

МНТ хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба на претставите „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“

Македонскиот народен театар хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба...

КУЛТУРА

Промоција на монографија за Универзална сала, „Скопскиот симбол на хуманоста“

Книгата е издание на ЈУ Универзална сала – Скопје, а објавена е...

КУЛТУРА

„Гола Планина“ организира фестивал „Сепак се врти“ во Градски парк

Во Градскиот парк во Скопје, во делот кај сцената „Лепеза“, на 3...

КУЛТУРА

Клинци број 2 – младинско книжевно читање во Europe House Скопје

Второто книжевно младинско читање кое ќе се одржи во „Europe House Скопје“,...