ИНФО

Казнети 224 возачи, 74 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 224 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, една санкција за управување возило под дејство на алкохол, седум мерки за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли.

Изречени се три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, осум санкции за користење мобилен телефон при управување возило, девет мерки за некористење сигурносен појас…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните...

ИНФО

164 шофери заработија казни од полицијата, најмногу за брзо возење

Скопската полиција во текот на вчерашниот ден казни 164 возачи. Од нив...

ИНФО

ДНЕВНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Времето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло, претежно во западните...

ИНФО

Во Скопје изречени 161 мерка за прекршоци во сообраќајот

На територија на Град Скопје, Секторот за внатрешни работи во текот на...