АКТУЕЛНО

Во градинката Кокиче во Кисела Вода ќе може да се згрижат уште 90 деца

Во детската градина ,,Кокиче” во населбата Кисела Вода ќе може да се згрижат уште нови 90 дечиња. Во објектот се предаптирани пет простории со што е зголемен капацитетот на оваа воспитно-згрижувачка установа.

Новина е што прв пат во оваа градинка ќе може да се згрижат и деца од најмала возраст, во три одделни занимални, односно за првпат ќе почнат да функционираат јасли.

Според најавите од општина Кисела Вода, овој објект кој е дел од ЈДГ ,,Весели Цветови” наскоро ќе почне и да се доградува со што ќе се обезбеди простор за нови 120 деца.

На површина од 525 квадратни метри, тој предвидува дури 6 занимални и тоалети, енергетска ефикасност, целосно партерно уредување, изведба согласно сите стандарди, правилници и нормативи кои условуваат и овозможуваат позитивен ран детски развој.

На овој начин, најавуваат од Општината, ќе нема повеќе листи на чекање за упис на деца во градинките на територијата на Кисела Вода, каде во одредени моменти за во градинка чекаа и до 450 деца.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

4.700 основци од Бутел ќе добијат бесплатни униформи

4.700 основци на територија на општина Бутел ќе добијат бесплатни училишни униформи....

АКТУЕЛНО

БУБАМАРАТА НА ДНК СЕ ПРОДАДЕ ЗА 250 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ: Донирани 690 илјади денари за лекување на младиот Леонид

Групата ДНК ја објавија на лицитација бубамарата што ја добија, со цел...

АКТУЕЛНО

Наредната сезона ќе профункционира градинката „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за...

АКТУЕЛНО

Целосно е реконструирана градинкатa „Пчелка 2“

Со реновирање на внатрешноста на објектот, заврши втората фаза од проектот за...