МАГАЗИН

„Фиат“ веќе нема да произведува сиви автомобили

Италијанскиот производител на автомобили „Фиат“ ќе престане да произведува сиви автомобили, објави мултинационалниот автопроизводител „Стелантис“, којшто е сопственик на брендот.

„Фиат“ од денес ќе престане да произведува сиви автомобили. Одлуката е донесена за да се истакне важноста на бојата во животот и има за цел дополнително да ja зајакне водечката улога на „Фиат“ како бренд на радост, боја и оптимизам, олицетворувајќи го италијанскиот начин на живот и истакнувајќи ја нова вредност „Сладок живот“ (Долче Вита)“, изјави извршниот директор на автомобилската компанија, Оливие Франсоа.

Палетата бои за каросеријата на автомобилот е „инспирирана од италијанското море, Сонцето, земјата и небото“, се вели во соопштението. Франсоа додаде дека компанијата сака да ги инспирира луѓето да живеат со оптимизам и позитивност, што ќе биде една од мисијата и на новиот електромобил „Фиат 600-е“, што ќе биде претставен на 4 јули.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Како да создадете здрави животни навики

„Треба само да создадете здрави животни навики“, е реченицата која сите ја...

МАГАЗИН

Апликацијата „Сигнал“ ја зајакнува приватноста

Американската компанија „Сигнал“, позната по истоимената програма за дигитална комуникација, воведува дополнителни...

МАГАЗИН

Зошто е добро да вдомите постаро куче

Вдомувањето на повозрасно куче е сочувствителна и наградувачка одлука која нуди бројни...

МАГАЗИН

Францускиот документарен филм „Дахомеј“ победник на Берлински филмски фестивал

Добитник на Златната мечка за најдобар филм на годинашниот 74 Берлински филмски...