МАГАЗИН

СЗО: Околу 36 милиони Европејци страдаат од „долг ковид“

Речиси 36 милиони луѓе во европскиот регион, од почетокот на пандемијата со Ковид-19 можеби развиле долгорочни здравствени последици по инфекцијата со коронавирусот, велат податоците на европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО).

„Во просек, тоа значи дека во последните три години приближно еден од триесет Европејци почувствувал или сè уште има такви последици“, рече регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге, на денешната конференција одржана во Копенхаген.

Тој посочи дека треба да се направи многу повеќе за подобро да се разбере таканаречениот „долг ковид“.

„Долгиот ковид“ останува сложена здравствена состојба за која сè уште знаеме многу малку, рече Клуге, додавајќи дека без развој на сеопфатна дијагностика и форми на лекување, општеството никогаш нема вистински да закрепне од пандемијата.

СЗО во европскиот регион опфаќа вкупно 53 земји. Покрај членките на ЕУ, таа вклучува и земји источно од Европската унија, сè до Централна Азија.

„Долг ковид“ е термин кој се користи за опишување на симптоми кои се развиваат и не попуштаат по акутната фаза на болеста (трае четири недели) или повторно се појавуваат по одредено време.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Нова опција на „Ајфон“ потенцијално опасна за децата

Најновата верзија на оперативниот систем за телефоните и таблетите на „Епл“, како...

МАГАЗИН

„Гугл“ почнува со бришење неактивни мејл-адреси и профили

„Гугл“ во декември ќе почне со бришење милиони профили на услугите „Г-мејл“,...

МАГАЗИН

Намирници што не треба да се подгреваат во микробранова печка

Микробрановата печка е корисен уред за брзо подгревање храна, а може да...

МАГАЗИН

Недостигот на витамин Б12 може да предизвика и когнитивни проблеми

Веројатно една од најважните хранливи материи за човековото тело е витаминот Б12,...